Српскиот политичар Чедомир Јовановиќ претрпел еден вид „инфаркт на белите дробови“

Лидерот на Либерално-демократската партија, Чедомир Јовановиќ (49) се опоравува по здравствените компликации предизвикани од ковид 19, пренесува Курир.рс.

Во петокот, Јовановиќ беше хоспитализиран во сериозна состојба, а првите проценки беа целосно неповолни. Се претпоставуваше дека Јовановиќ има воспаление на белите дробови, па се сомневаше на белодробна емболија и воспаление на 'рбетниот мозок.

Неговата состојба секако беше многу сериозна и загрижувачка, а ова се нови детали за неговата здравствена состојба.

- Всушност, Јовановиќ имаше нешто слично на помал белодробен инфаркт и воспаление на белодробното ткиво, што влијаеше и на торакалниот дел од 'рбетот. За среќа, тој сега добро реагира на терапијата што лекарите му ја препишаа и се надеваме дека сè ќе оди во најдобра насока - вели соговорникот за здравствената состојба на српскиот политичар.

Здравствената состојба на Јовановиќ всушност се искомплицирала поради непочитување на строгиот совет на лекарите. 

Наместо да се смири, како што истакнува изворот, Јовановиќ продолжил по старо, по напуштањето на болницата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега