Српски автобус се преврте во Германија- повредени се најмалку 19 лица
Најмалку 19 лица се повредени при превртување на патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на Берлин, соопштија германските медиуми.
Според неофицијални информации, возачот сакал да сврти на паркингот, но удрил во заштитна ограда и излетал од патот, по што автобусот се превртел.
Германските медиуми пишуваат дека автобусот е од Србија. Патувал од Белград преку Берлин до Стокхолм. Според Билд, повеќе од 70 спасувачки возила и шест хеликоптери се вклучени во спасувањето на повредените.
“Шест спасувачки хеликоптери, 30 спасувачки возила и 12 амбулантни возила се на должност. Покрај тоа, пристигна и противпожарна единица со 22 возила. Автопатот е затворен во двата правци”, пишуваат медиумите.
Според полицијата, двајцата возачи се здобиле со сериозни повреди, како и еден патник. Се уште не е познато колку патници имало во автобусот, но се знае дека тие се од Германија, Србија, Шведска и Израел.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа