Среќни вести: Првачињата ќе добијат по две илјади денари

 

Секое запишано прваче во општината Кавадарци, за учебната 2022 – 2023 година, ќе добие по 2000 денари за среќна и успешна учебна година.

– Со оваа одлука на Советот на општината Кавадарци, што прв пат е донесена кај нас, еден од родителите на вкупно 356 првачиња од нашата општина, во понеделник ќе добие парични средства во износ од 2000 денари, појаснија од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Оттаму нагласија дека локалната самоуправа континуирано води грижа за воспитно-образовниот процес во општината.

16.09.2022 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега