Средбата на министерката за труд и социјална политика и претставници на Ромите:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска оствари работна средба со претставниците на „Интеграција на Ромите 2020“ Орхан Усеин и Данило Вукмировиќ, на која се разговарало за досегашните и идни политики за поголема вклученост на Ромите во општеството.

На средбата било дискутирано за проектот Интеграција на Ромите 2020, имплементиран од Советот за регионална соработка – Regional Cooperation Council (RCC), со финансиска поддршка од Европската Унија и Фондацијата Отворено општество.

-Овој проект има за цел да придонесе намалување на социо-економскиот јаз помеѓу ромската и неромската популација во земјите од Западен Балкан и Турција и зајакнување на институционалните обврски на владите во инкорпорирање и исполнување на специфични цели наменети за интеграција на Ромите во развојните тековни политики, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Земји кориснички на Проектот Интеграција на Ромите 2020 се Албанија, Босна и Херцеговина,Северна Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција.

Една од главните точки на работниот состанок била Декларацијата од Познан, потпишана во јули минатата година од страна на премиерите на државите во кои се имплементира Интеграцијата на Ромите 2020, а усвоена во рамките на Берлинскиот процес.

Од страна на Орхан Усеин било посочено дека на 27 октомври во Тирана ќе се одржи министерски состанок и заклучоците од тој состанок ќе бидат рефлектирани на Самитот во Софија (во ноември) со кој ќе претседаваат Република Бугарија и Република Северна Македонија. На маргините на Самитот ќе се дискутираат 4 теми: лица без документи и без државјанство; мониторинг за имплементирање на таргетите и мониторинг на следење на прогресот; за процесот на јавно буџетирање (родово одговорно буџетирање) и за методологијата за мапирањето на домовите на припадниците на ромската заедница.

Во текот на работниот состанок во МТЦП биле презентирани и два нови проекти кои ќе се имплементираат во Република Македонија и ќе бидат финансирани од Интеграција на Ромите 2020 и тоа: подготовка на нова Стратегија за Ромите 2021-2030 и трансформација на сивата економија во која се вклучени Ромите во регуларна пазарна економија

-Заклучоците од средбата се дека соработката продолжува и во наредниот период со цел поголема интеграција на Ромите во развојните тековни политики на Владата на Република Северна Македонија, велат од МТСП.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега