Србија: Младото момче-убиец К.К. на Психијатрија побарало фризер, не му се допаѓало изгледот

 

К.К. – осомничениот за масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во понеделникот побарал од вработените да му донесат фризер бидејќи не му се допаѓало како изгледа, јавуваат српските медиуми. Тој е во здравствена установа во Белград и нема контакт со никој друг освен со вработените лекари.

Да потсетиме, неговите родители сакале да го извлечат оттаму и да го однесат во странство, но полицијата ги спречила тоа.

Вишиот суд во Белград донесе решение со кое определи привремена мерка со која на мајката на момчето убиецот од ОУ „Владислав Рибникар“ и забранува да располага со имотот.

Оваа мерка е донесена на предлог на извршните доверители и членови на семејството на еден од убиените ученици за да се обезбеди идното парично побарување од извршниот должник, односно мајката на Коста.

Вишиот суд во Белград неодамна му забрани и на таткото на Коста да располага, отуѓува и оптоварува со неговиот имот.

28.06.2023 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега