Србија ќе го менува законот за лица со ментална попреченост, Коста Кецмановиќ нема да биде ослободен
Министерството за здравство на Србија предложи измени во Законот за заштита на лицата со ментална попреченост, со што јавноста протолкува дека Коста Кецмановиќ може да биде ослободен.
Сепак, извор од Владата на Србија за српски Курир ги демантира овие толкувања.
„Шансите момчето да биде ослободено се нула“, посочува изворот. Тој додава дека измените на законот се однесуваат на формирање установи за сместување на лица со ментални нарушувања, а не на нивно ослободување.
За да се спречи ширењето на паниката меѓу граѓаните, властите посочуваат дека погрешното толкување на измените во законот е многу опасно. Овие измени всушност имаат за цел да вдомат деца на возраст под 14 години кои вршат кривични дела и кои не можат кривично да одговараат со закон. Овие деца во иднина ќе бидат сместени во посебни одделенија на психијатриски установи, со строго обезбедување. Исто така, контактот со родителите или старателите може да биде забранет.
Во предлог-измената на Законот за заштита на лицата со ментална попреченост е наведено и дека дијагнозата, следењето на болеста и лекувањето на децата кои кривично не одговараат за кривични дела за кои е предвидена казна затвор од најмалку 10 години ќе се врши во посебен организациски дел на психијатриска установа, со посебно обезбедување.
Одлуката за овие случаи секогаш ја носи судот, со цел да се обезбеди правда и безбедност на сите граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа