Србија доби нов министер за образование, Ружиќ си поднесе оставка по случениот масакр

 

Со мнозинство гласови во Собранието на Србија, за гласаа 149 пратеници, против 40, и воздржани пет пратеници, за нов министер за образование е избрана Славица Ѓукиќ Дејановиќ , јави дописникот на МИА од Белград.

Славица Ѓукиќ Дејановиќ беше предложена за министер за образование, на предлог на нејзината Социјалистичка партија на Србија (СПС) која е коалиционен партнер на СНС, откако Бранко Ружиќ поднесе оставка на таа функција, по масовните убиства во ОУ Бладислав Рибникар во Белград.

Ѓукиќ Дејановиќ претходно беше министер во Владата на Србија, во повеќе ресори.

Таа ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Србија од 2008 до 2012 година, како и функцијата в.д. претседател на Србија од почетокот на април до крајот на мај 2012 година. Од 2012 до 2014 година беше министерка за здравство на Србија.

Од август 2016 година до октомври 2020 година, таа беше министерка без ресор во Владата на Србија задолжена за демографија и популациона политика

25.07.2023 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега