Спасовски и Брнз на оперативно-тактичка вежба на МВР и амбасада на САД (ВИДЕО)

Денеска, (16.05.2022), во Полициски центар „Ѓорче Петров”, касарната „Илинден” и амбасадата на САД беше изведена оперативно-тактичка вежба од страна на МВР, во координација со амбасадата на САД, а во присуство на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, амбасадорката на САД во земјава, Н. Е. Кејт Мари Брнз, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на Одделот за специјални полициски операции, Бранко Трајановски.
Вежбата беше изведена на три локации - дел од вежбата беше изведена во Куќата за пукање во рамки на Полицискиот центар „Ѓорче Петров”, а вториот дел беше изведен во амбасадата на САД, при што беше проследена вежбата за Јавен ред и мир – насилни демонстрации, а амбасадорката Брнз зеде активно учество во практичниот дел на вежбата која беше реализирана во неколку фази преку координирана заедничка акција на персоналот одговорен за обезбедување на амбасадата на САД и припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар”, Единицата за брзо распоредување, Одделение за воздухопловни единици, Сектор за внатрешни работи Скопје – Единица за интервентна полиција, Сектор за внатрешни работи Скопје и тоа:
- Напад на конвој
- Насилни демонстрации
- Активен пукач
- Вонредна состојба (природна катастрофа – земјотрес)
- Преглед  и претрес на дворната површина во амбасадата на САД
- Евакуација на амбасадорот и персоналот на амбасадата на САД на безбедна локација (база на САЕ-Тигар)
- Укажување на прва помош

16.05.2022 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа