Соседите за настраданиот Јован: Секогаш културно се поздравуваше, не знаевме дека има проблеми

24-годишниот Јован И. син на српската политичарка Санда Рашковиќ Ивиќ беше пронајден мртов на плочникот пред зграда во центарот на Белград, каде живеел, а според неофицијални информации тој скокнал од петтиот кат.

Сосетката од зградата за српските медиуми изјавила дека го познавала момчето само од гледање.

-Секогаш фино се поздравуваше. Не знам што може да го предизвика ова. Знам дека е син на Санда. Не сме слушнале дека имало некакви проблеми - рекла таа.

оседите имаат само пофални зборови за настраданото момче.

-Колку што ние знаеме живееше со мајка му. Беше навистина прекрасно момче. Секогаш пристојно. Фино семејство. Не знам што може да доведе до ваква трагедија.

Инаку, Вишото јавно обивинителство во Белград, заедно со припадниците на МВР спроведува постапка за смртта на Јован И. кој утрово беше пронајден мртов на Улицата 27. мат пред зградата во која живееше.

-Според првичните информации станува збор за самоубиство - вели Вишиот јавен обвинител Ненад Стефановиќ, пренесува Блиц.

20.01.2022 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега