Сообраќајот во Скопје се одвива без застој: Улиците се чисти (ФОТО)

Сообраќајот во Град Скопје во овие утрински часови, сообраќајот на сите улици и булевари се одвива непречено и без застој, но по влажни коловози.
Улиците се чисти, снегот е расчистен, а сообраќајот се одвива во нормални услови.
 
Зголемен број на возила се забележува долж:
-ул. Железничка кон к-цата со ул. Бихакќа,
-бул. Киро Глигоров кон населба Автокоманда,
-бул. Кузман Јосифовски Питу кон Центар,
-ул. 11 Октомври во двете насоки на движење,
-бул. Александар Македонски кон излез на Скопје,
-ул. Свети Кирил и Методиј кон бул. Водњанска.
Центарот апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно со оглед на временските услови, како и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.
21.01.2022 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега