Сообраќајка во Штип: Три лица повредени

Три лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Штип.

-На 04.12.2020 во 20:10 часот било пријавено дека во Штип на ул.„Брегалничка“ се случила сообракајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“, управувано од 35-годишниот Д.И. од Штип и патничко возило „ауди а3“, управувано од 51-годишниот Ѓ.Н. од Штип, и двете  со штипски регистарски ознаки. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.Н., а со телесни повреди се здобиле Д.И. и уште еден сопатник од возилото „ауди“, А.Б.(37) од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2020 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега