Сообраќајка кај наплатната станица „Миладиновци“- повредени три лица од кои едно е малолетно

Три лица, од кои едно е малолетно се повредени во сообраќајка кај наплатната станица „Миладиновци“.

-На 14.01.2021 во 18.40 часот во СВР Скопје  било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, после наплатната станица „Миладиновци“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат стило“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(28) од Куманово и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(19) од с.Слупчане, општина Липково, информираат од полиција.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Општа болница Куманово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега