Соборот на СПЦ одобри канонско единство со МПЦ-ОА

Соборот на СПЦ денеска одобрил канонско единство на СПЦ со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), пренесува српски „Курир“.

Спорот кој датира од 1967 година, кога се одвоила македонската православна црква од СПЦ, конечно е решен.

Пред оваа одлука на Соборот беа обновени разговорите меѓу патрхархот и претставници на МПЦ на чело со г.г. Стефан.

По 20 години, откако на 17 март 2002 година беше донесе договорот во Ниш меѓу СПЦ и МПЦ, околу дефинирање на нивниот однос, на истото место за време на првомајските празници повторно беше воспоставена комуникација, а тие вродија со денешната одлука на Соборот.

16.05.2022 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега