Со мотор излетале од патот – сопатникот со тешки повреди итно пренесен во болница

22-годишник од Гостивар со тешки повреди е пренесен во Ургентниот центар Гостивар откако претходно заедно со 31-годишно лице излетале од патот со својот мотор.

-Вчера  во 17.30 часот во полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Лакавица, четирицикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Б.А.(31) од Гостивар, излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А.(22) од Гостивар, а со телесни повреди се здобил возачот Б.А., констатирани во Ургентен центар Гостивар, велат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.  

31.07.2021 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега