Со автомобил удрил двајца велосипедисти на кружен тек во Тетово

Тројца завршиле во болница откако вчера половина час пред полноќ 48 годишен возач управувајќи автомобил удрил во двајца велосипедисти кои се движеле на кружен тек во Тетово. Како што информира полицијата, најтешки повреди заработил возачот на автомобилот

„На 08.12.2021 во 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружниот тек од бул.„Видое Смилески Бато“ со ул.„Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(48) од Тетово, удрило во два велосипеда управувани од С.М.(54) и В.Р.(39), двајцата од Тетово. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а двајцата велосипедисти се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.“ - информира МВР

09.12.2021 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа