СИРИЗА бара од Мицотакис веднаш да ги донесе во Парламентот договорите со Македонија

Мицотакис има две опции или веднаш да ги донесе за ратификација во Парламентот билатералните договори со Македонија или да признае дека ја има изгубено контролата, не само во земјата, туку и во неговата партија, порачува портпаролот на СИРИЗА Насос Илиопулос, јави дописничката на МИА од Атина.

Илиопулос коментира дека вчера, Владата на Мицотакис го призна Договорот од Преспа како историски, и додава дека повлекувањето на терминот „историски“, „ја потврдува големината на измамата“.

Паралелно, ја прашува Владата за вчерашната посета на Солун на владини претставници од Македонија, со кого се сретнале и „зошто средбите беа чувани во тајност?“.

Претседателот на грчкиот Парламент Константинос Тасулас, минатата седмица рече дека ратификациите на договорите со Македонија не се итни, откако претходно од СИРИЗА обвинија дека Владата од страв дека ќе има различни ставови од пратениците на Нова демократија, „на неодредено го одложува гласањето“.

Предлог законите за „Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ“, за „Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка“ и за „Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје“, на 14 и 15 септември беа доставени во грчкиот Парламент.

Засега, не постои конкретен датум за почеток на предвидените процедури, односно прво да бидат презентирани пред Комисијата за национална безбедност и надворешни прашања, а потоа и да бидат ставени на гласање на седница во Парламентот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега