Си-Ен-Ен за Меланија Трамп: Првата дама на Америка ја напушта Белата куќа со најмала популарност

Меланија моментално има најниска популарност откако станала прва дама.

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ќе ја напушти Белата куќа со најмала популарност од почетокот на својот мандат, наведува "CNN" повикувајќи се на своите истражувања. 

Од февруари 2016-та година, откако се следи нејзиниот рејтинг во јавноста, сопругата на американскиот претседател Доналд Трмап, Меланија, има најниска популарност, па така 42 проценти од испитаниците рекле дека имаат позитивен став за неа, 12 проценти рекле дека не се сигурни, а дури 47 проценти имаат негативен став.

Највисок рејтинг имала во мај 2018-та година - 57 проценти, што се поклопило со нејзиното присуство на погребот на поренешната прва дама Барбара Буш во Тексас.

Сепак, наведува "CNN", нејзината популарност опаднала во декември, по нејзината посета на Африка, кого 36 проценти од испитаниците имале негативен став кој неа.

Последното истражување покажало дека нејзината популарност е многу пониска од популарноста на нејзините претходници - во јануари 2017-та година Мишел Обама имала 69 проценти позитивни гласови, како и на почетокот на мандатот, додека Лора Буш имала 67 проценти поволни оценки.

Методологијата во пресметувањето малку се променила во однос на претходните анкети, наведува "CNN", бидејќи се зголемил бројот на анкетирања преку телефон и тоа траело повеќе од 6 дена.

Истражувањето било спроведено меѓу 9-ти и 14-ти јануари и во него учествувале 1.003 полнолетни лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега