Шахпаска: Превземаме се за да порасне минималната плата- се грижиме за работниците и во услови на најтешка пандемија

 

Минималната плата се усогласува до крајот на март, согласно трите параметри од претходната година, односно една третина од порастот на просечната плата од минатата година, една третина од порастот на трошоците за живот и една третина од една третина од растот на бруто домашниот производ. Оваа година минималната плата ќе биде 15.194 денари, вели министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Секое зголемување, како што посочи вечерва во гостување на емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, е добредојдено, дали е доволно, секако дека не.

– Преземаме се за да порасне минималната плата, се разбира сето тоа во согласност со законите. За три години имаме пораст на минималната плата за 6000 денари. Пораката која сакаме да ја испратиме е ние навистина се грижиме за работниците и во услови на најтешка пандемија ние ги правиме согласувањата кои се согласно со закон. Во текот на целата година со носењето на сите пакети финансиски мерки сакавме да ја подршиме економијата и да го зачуваме секое работно место кое беше основни приоритет, потенцираше Шахпаска.

Оваа Влада и во услови на пандемија, посочи министерката, покажа дека се грижи за работниците, не случајно со сите пет пакети, петтиот уште не е изгласан, не е имплементиран.

– Со таа финансиска инјекција која што беше дозирана и кон потребите на компаниите, критериумот беше бројот на работници да го зачува ист, додаде Шахпаска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2021 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега