Седум скопјани ќе платат по 200 евра казна за прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од 1 до 6 април, обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации во градот без да поседуваат дозвола за тоа. На тој начин тие постапиле спротивно на прописите со кои беше определена забрана за движење на населението од 22 до 05 часот, како мерка за спречување на заразна болест.

Јавниот обвинител му предложи на Судот за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега