Се зголемува бројот на заразени од коронависрусот во Германија

Во Германија е забележано зголемување на бројот на случаи на „Ковид-19“, објави денеска Институтот за заразни болести Роберт Кох (РКИ).

Регистрирани се 2.097 нови случаи на болеста, така што вкупниот број заразени лица сега изнесува 3.771.262, според податоците на Институтот, пренесува Ројтерс.

Едно лице починало како последица на „ковида-19“, па сега вкупниот број на смртни случаи во Германија се искачи на 91.659, објави РКИ.

 

01.08.2021 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега