Се вжештија социјалните мрежи: Познати личности ја бранат Меган, а го прозваа и познатиот водител

Долго ќе се зборува за интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари, а социјалните мрежи се полни со коментари и од познати и од анонимни лица. Секој има свое мислење за разговорот што го водеше Опра Винфри со славната двојка. Меган откри многу страшни работи од тој период и отворено зборуваше за нејзините проблеми.

Актерката Габриела Унион твитна додека ја гледаше емисијата и едно нешто го привлече вниманието.

- Таблоидите се добредојдени во палатата? Фјууу!

Џејда Пинкет Смит се пошегува дека кралицата ќе биде следната гостинка во нејзиното шоу „Црвена маса“. Познатата актерка имаше многу лајкови и коментари под таа фотографија.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jada Pinkett Smith (@jadapinkettsmith)

- Бев посреќна додека Опра беше на ТВ секој ден.

Лесли Џордан исто така имаше свое гледиште за нештата.

- Те поддржуваме, душо. Имаме повеќе кралици отколку тие - напиша американскиот актер. И тој доби многу коментари под видеото, а некои му посочија дека ја видел и слушнал само едната страна.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Leslie Jordan (@thelesliejordan)

 - Толку емотивно интервју. Опра останува најдобра во овој бизнис. Сакам што си заминаа, така е подобро за сите. Среќна сум што Меган се врати откако ја замолкнаа. Потребен ни е нејзиниот глас. Ја сакам нивната љубов.

- Со среќа со тоа. (Сликата вели дека Хари се надева дека ова интервју ќе ја повлече границата во врска со разделбата со семејството)

Секако, славните го прозваа Пирс Морган поради неговите твитови.

- Испитувањето на автентичноста на мислите за самоубиство е опасно и штетно

- Бремена жена открива дека има суицидни мисли. Што прави Пирс Морган? Тој ја напаѓа. Ѓубре од човек.

- Се надевам дека ќе имате подобар понеделник од Пирс Морган.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега