Се уште не се знае како автомобилот завршил во езерцето во Градски Парк


Се уште никој не знае како автомобилот Пежо206 утрово се најде во водите на езерцето во Градскиот парк во Скопје.

Од полицијата велат дека воопшто немаат добиено пријава за случајот и дека до овој момент не е пријавено ниту повредено лице. Полициски екипи излегле на терен а повеќе детали се најавуваат по завршувањето на увидот.
Помош никој не побарал ниту од противпожарните служби за извлекување на автомобилот.
Тој пропаднал кај мостот на тартан патеката веројатно во текот на минатата ноќ, а утрово сликите на социјалните мрежи ги објавија минувачи во градскиот парк.


09.12.2021 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега