Се уште беснеат пожари во Грција, огнот стигна и до предградијата на Атина
Од утрово пожарникарите продолжуваат со борбата со пожарите, кои веќе две недели беснеат во Грција и во кои загинаа пет лица, а се стравува дека прогнозата на силниот ветер за денеска ќе го разгори огнот.
Стотици грчки пожарникари, со засилување од други земји, се распоредени на островите Родос, Крф и Евија, како и на новиот фронт во централна Грција.
Од 13 јули досега во земјата избувнаа речиси 600 шумски пожари, од кои повеќето беа бргу изгаснати. Десетици илјади жители и туристи мораа да бидат евакуирани во последните денови.
Пожар избувна рано утринава недалеку од куќите во предградието на Атина, но бргу беше изгаснат.
Две лица загинаа кога вчера избувна пожар недалеку од индустриската зона на градот Волос, во централниот дел на земјата.
Денеска, по топлотниот бран, се очекува пад на температурите, но силниот ветер може да го отежне гаснењето на пожарот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа