Се судрија мотоцикл и запрежна кола- скопјанец со тешки повреди пренесен во болница

Скопјанец бил повреден и пренесен во болница откако управувајќи со мопед се судрил со запрежна кола.

-На 02.03.2021 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале запрежно возило, управувано од Р.К.(22) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.Ј.(64) од Скопје- информираат од МВР.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа