Се судрија „БМВ“ и електричен тротинет во Скопје- едно лице пренесено во болница

Во сообраќајна незгода помеѓу автомобил и електричен тротинет во Скопје повредено едно лице и пренесено во болница.

„На 20.11.2020 во 20.30 часот во Скопје, пред поликлиника на ул.„Васко Карангелевски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв Х6“, со бугарски национални ознаки, управувано од Б.Т.(35) и електричен тротинет, управуван од Н.С.(38), и двајцата од Скопје.

Во незгодата Н.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош“ информираат од полиција.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2020 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега