Се стресе Турција - жителите во паника

 

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе подрачјето на Турција.

Земјотресот е регистриран во 13.04 часот по локално време, а епицентарот бил на 30 километри од Малатја, која беше уништена во разорниот земјотрес минатата година.

Засега не се знае дали има жртви или материјална штета.

Пред речиси точно една година, на 6 февруари, разорни земјотреси ја погодија Турција, и однесоа повеќе од 50.000 животи во таа земја и Сирија.

25.01.2024 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега