Се рушат летните тераси на Кеј

Започна рушењето на летните тераси на Кејот „13 Номври“ во главниот град, пренесува „Слободен печат“.

Од Град Скопје посочија дека отстанувањето на урбаната опрема било претходно договорено со сопствениците на рестораните. Отстрануваето на летните тераси е неопходо за да може да се направи реконструкцијата на Кејот којашто беше најавена пред неколку дена.

-Градот го подготвува теренот за да може да започне реконструкцијата на Кејот. Локалите се согласија да го ослободат просторот, но за возврат ќе добијат проширување на постојните тераси. Тоа значи дека летни тераси во средина на шеталиштето нема да има, но за сметка на тоа Градот ќе им овозможи на локалите да го прошират постојниот капацитет, информираат од Град Скопје за „Слободен печат“.

Предвидено е Кејот „13 Ноември“ до лето да биде уреден со нова поплочена патека, корпи за отпадоци, паметни клупи за седење. Според најавите, ќе се постави нов дрворед и жардиниери и ќе биде осветлено со рефлектори и нови канделабри.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2021 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега