Се огласија од МВР: Пет лица повредени во сообраќајката на патот Пробиштип-Кратово

Пет лица се повредени во сообраќaјната несреќа, која се случи околу 12.20 часот кај местото викано Перово долче на патот Пробиштип-Кратово.

Според првичните информации од СВР-Штип, едно возило излетало од коловозот, во кое се превезувале пет лица, од нив четворица се хоспитализирани во Кратово, а едно лице во болницата во Куманово.

Увидот од страна на истражните органи се уште се одвива, за да се утврдат причините за несреќата. Патот Пробиштип-Кратово од 13:15 часот е пуштен за сообраќај.

28.11.2022 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега