Се обидуваат да се покажат: Алекс Родригез се пофали со својот физички изглед на јахта (ФОТО)

Само еден ден откако го прослави својот 46. роденден, поранешниот бејзбол-играч ги покажа стомачните мускули, пишуваат таблоидите додавајќи дека оваа недела бил фотографиран како премногу се приближува до крузерот што го изнајми неговата поранешна свршеница Џенифер Лопез.

Навидум релаксиран и воопшто неизненаден од физичката близина со Џенифер и нејзиното момче Бен Афлек, Алекс може да се види како се тушира со ладна вода.

Тој сподели видео на кое се гледа како се забавува со своите пријатели, вклучувајќи ги и НФЛ-ѕвездата Ерик Декер и неговата сопруга Џеси Џејмс Декер.

Презентерката на спортски вести Мелани Колинс му се придружи на Родригез на крстарењето по должина на француската ривиера. Тие беа фотографирани на палубата на неговиот изнајмен крузер.

Прославата на родендените на поранешните партнери Алекс и Џенифер на суперјахти по должина на француската ривиера деновиве беше топ-тема во светските шоу-биз медиуми.

Медиумите коментираа дека тие се обидуваат да се надминат еден со друг кога станува збор за луксузни крстарења. И Алекс и Џенифер изнајмија ривалски суперјахти во Сен Тропе, секој со свое друштво.

Додека неговата поранешна свршеница Џеј Ло (52) уживаше со Бен Афлек на мега јахта, Алекс беше фотографиран со русокосата ТВ-презентерка Мелани Колинс (35), нa импресивна  јахта во истиот крајбрежен град, но таа на Џенифер беше далеку поголема и поскапа.

Макфакс

29.07.2021 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега