Се хранел нормално, и немало знаци дека нешто не е во ред - позната причината за угинувањето на Тобого

Срцев удар најверојатно била причината за угинувањето на жирафата Тобого, кој беше еден од омилените жители на Зоолшката градина во Скопје, каде престојуваше од 2013-та година.

-Направена беше обдукција при што не беа констатирани физички повреди. Во наредните десетина дена, очекуваме да ги добиеме резултатите од крвната анализа, по што, точно ќе се знае од што угинало животното. Сепак, се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар, вели Ѓорѓи Галетановски, Директор на Зоолошката градина.

Пред да настапи смртта животното не давало никакви знаци дека нешто не е во ред. Тобого се хранел нормално и немал намален апетит. Неговото тело ќе биде погребано во дворот на Зоолошка.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега