Се чини дека стратегијата на Шведска не успева: Регистриран најголем број новозаболени од почетокот на пандемијата

Стратегијата за управување со пандемијата во Шведска привлече глобално внимание, но сега се регистрирани 1870 нови случаи, што е најголем број од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на Шведската агенција за јавно здравје.

Тоа зголемување се споредува со високите 1.698 дневни случаи кон крајот на јуни. Агенцијата соопшти дека врвот во текот на пролетта веројатно бил многу поголем, но немало доволно тестирања.

Официјалниот број на жртви во Шведска е вкупно 5.918 лица. Стапката на смртност по глава на жител во Шведска е неколку пати поголема отколку кај нејзините нордиски соседи, но пониска отколку во некои големи европски земји, како што се Шпанија и Велика Британија.

По падот во јули и август, Шведска бележи постојан пораст од средината на септември.

Додека многу европски земји повторно воведуваат драконски мерки како што е делумно блокирање и полициски час за спречување на ширењето на коронавирусот, Шведска само го прилагодува својот поблаг пристап со воведување на насочени мерки.

Иако анкетите покажуваат дека повеќето Швеѓани го поддржуваат овој пристап, шведската стратегија е критикувана дома и во странство.

Некои ја обвинија Шведска дека игра руски рулет со животот на граѓаните на почетокот на пандемијата, бидејќи бројот на жртви значително ги надмина бројките во соседните земји, што воведе до многу построги мерки.

Неодамна се дискутирало во медиумите за шведската политика за лекување според која пациентите, главно постари лица со хронични болести, се сметаат за премногу слаби за интензивна нега.

Властите, во меѓувреме, постојано нагласуваат дека шведската стратегија е избрана за справување со „маратон, а не со спринт“.

Шведска сè уште останува една од ретките земји во светот што не препорачува носење маски затоа што тие веруваат дека маските нудат лажно чувство на безбедност.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега