СДСМ: Жолтите комбиња се вратија

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ се фатени во скандали, криминали или кога ќе доживеат дебакл на меѓународна сцена измислуваат „теории на заговор“ за дефокус од нивната неспособност, велат од СДСМ.
„Жолтите комбиња од времето на Груевски се вратија!
ВМРО-ДПМНЕ нема одговор за криминалот, за неспособноста, за разочарувањата што им ги приредија на граѓаните, за неисполнетите ветувања. Затоа е оваа параноја и измислени фантазии.
Тоа што овој пат го обрале токму Миле Лефков, кој наместо да се сокрие по сите негови глупости, кажува се.
Единствени кои веќе нанесоа штета и веќе одработија против македонските интереси се ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски.
Затоа, после дебаклот во Европскиот парламент и блокадата на европскиот пат, секоја прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ станува театар на апсурдот.
Време е ВМРО-ДПМНЕ да се спушти на земја – Македонија не е филм, туку држава со напатени граѓани со реални проблеми кои бараат реални решенија.
Граѓаните не се наивни, жолтите комбиња можеби се вратија, ама граѓаните доверба во вакви будалаштини – никогаш нема да имаат“, стои во соопштението од СДСМ.
19.07.2025 - 13:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа