СДСМ: Во сабота гласаме за број 1, за европско Тетово

Бројни партиски функционери попладнево беа во Тетово на средби со граѓани низ повеќе населени места во општината, информираат од СДСМ во соопштение испратено до медиумите.
 
„Во разговори со граѓаните, функционерите на СДСМ ја претставија програмата на советничката листа на СДСМ за општина Тетово и побараа поддршка на изборите закажани за 20 август.
 
Советот мора да биде коректив на работата на градоначалникот и затоа е важно таа да биде составена од различни политички опции.
На 20 август, во сабота, Тетово гласа за бројот еден, за советничката листа на СДСМ и коалицијата, за носителот на листата Глигорие Стојаноски“, се наведува во соопштението на владејачката партија.
16.08.2022 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега