СДСМ: Владата гради позитивна бизнис клима

Инвеститорите ја препознаваат позитивната стабилна клима за вложување во нашата економија и отворениот и инклузивен пристап на Владата за креирање услови за побрз развој и одржливост на стопанството, велат од СДСМ.

Според партијата, процесот на реализација на директните странски инвестиции во земјата се одвива тековно и во време на пандемијата со коронавирусот.

-За тоа зборува вториот инвестициски проект  на компанијата „ВИК (WIK) Македонија“ во технолошко-индустриската развојна зона Прилеп, кој доби државна поддршка. Станува збор за инвестиција во вредност од 2,5 милиони евра со која е предвидено да се вработат нови 100 лица. Ова е потврда за позитивната и стабилна клима за инвестирање што ја гради Владата предводена од СДСМ, препознавање на предностите од членството во НАТО и забрзаниот процес на интеграција во ЕУ, се вели во соопштението.

Според СДСМ, со членството во НАТО, со процесот на отворање на преговори за членство во ЕУ, Македонија станува атрактивна дестинација за сериозни странски вложувања и наскоро се очекува реализација на уште неколку големи инвестиции.

ладата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики кои создаваат позитивна, стабилна и предвидлива бизнис клима и градење на нова, развојна македонска економија, стимулирање нови инвестиции и на домашните и на странските компании за да се отворат нови подобро платени работни места за нашите граѓани, се вели во дописот од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.09.2020 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа