СДСМ на онлајн конгрес за изборните резултати и досега сработеното

Денеска со почеток во 13 часот, СДСМ ќе одржи 25. Конгрес, коj за прв пат во земјава ќе биде дигитален, користејќи современи дигитални платформи и алатки.

Како што најавија од владејачката партија, Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев и ќе биде за анализа на изборните резултати.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски минатата недела рече дека ќе стане збор за досега сработеното, со осврт на изборниот резултат, победата на парламентарните избори и визијата за следниот четиригодишен мандат даден од граѓаните.

Состанокот ќе има отворен и работен дел со пренос во живо. Дополнително, по завршувањето на настанот, претседателот на партијата, Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира одлуките донесени на Конгресот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2020 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа