СДСМ: Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ повторно и свртеа грб на Армијата

„Политичкиот дезертер од АРМ Драган Ковачки и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно и свртеа грб на Армијата. 
Денеска, ниту Ковачки ниту пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се членови на собраниската Комисија за одбрана и безбедност не присуствуваа на воената вежба на Армијата со новото македонско оружје“. Ова го порачуваат од владејачката СДСМ во соопштение испратено пред малку до медиумите.

Иако беа поканети, им сврета грб на македонските војници, велат од СДСМ.

„Можеа Ковачки и пратениците да дојдат барем да им честитаат на припадниците на вториот баталјон од Првата пешадиска бригада на Армијата за успешно изведената вежба.
Но, тие го избраа Мицкоски наместо војниците како и многу пати досега.

Лицемерието на Ковачки го видовме денеска на дело. Впрочем не му е ниту прв пат, то јавноста многу добро го знае.
Ковачки дезертираше од Армијата за да му служи на Мицкоски, го замени армискиот чин со партискиот во Белата палата.

И не само што е дезертер и лажен генерал, Ковачки бил сакциониран за навреди и закани.
Тоа е лицето на двоецот Мицкоски-Ковачки, закани, шпионирање, клеветење и дезертерство?“, се наведува во реакцијата на владејачката партија.

 

23.09.2022 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа