СДСМ: Ковачевски ги покачува пензиите, оваа година поголеми пензии за 10 отсто

„Владата на СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се грижи за сите пензионери и во услови на криза продолжува покачувањето на пензиите. Од почетокот на годината пензиите на сите 330.000 пензионери се поголеми за 10 отсто. Согласно новата методологија, пензиите годинава се покачени во два наврати, во септември за 6,8 отсто и претходно во март за 2,9 проценти. На ниво на просечна пензија само со последното покачување од 6,8% значат дополнителни 1.200 денари месечно плус за пензионерите кои примаат просечна пензија а повеќе и за оние со над просечната пензија“, се вели во соопштението на СДСМ.

СДСМ соопшти дека се очекува наредното зголемување на пензиите во март идната година да изнесува околу 6 проценти, со што пензиите во период од 12 месеци, ќе се искачат за околу 16 отсто.

„Растот на пензиите се должи на новата методологија, според која пензиите два пати годишно се усогласуваат со растот на просечната плата и растот на трошоците на живот. Воспоставениот метод за усогласување на пензиите, утврден низ инклузивен пристап и дијалог со засегнатите страни гарантира, системско, а не паушално, зголемување на пензиите, независно од нечија политичка волја. Благодарение на одговорните политики на СДСМ денес пензискиот фонд е стабилен, пензиите растат и се исплаќаат навремено“, велат од владејачката партија.

01.10.2022 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега