СДСМ: Институциите да ја утврдат улогата на Мицкоски во тендерот во Водовод

Улогата на шпицниот градоначалник Мицкоски во тендерот од 136 милиони евра да се утврди институционално, побараа од СДСМ

Институциите мора да го расчистат спорниот тендер од 136 милиони евра за пречистителната станица, како и обвинувањата за сторен криминал кои јавноста ги слушаат изминативе денови.

Институционално треба да се утврди и улогата на Христијан Мицкоски во овој тендер, особено што за неговата вмешаност обвинувања стигнуваат од негова кандидатка а сега и градоналничка на Град Скопје.

Данела Арсовска вчера тврдеше дека Мицкоски иако не смеел, сепак знаел детали и точни суми од тендерската постапка.

За тоа ли е Мицкоски шпицен градоначалник? За да се меша и влијае на тендери и јавни набавки, за да ги става рацете во медот?

Како овие доверливи информции дошле до Мицкоски треба да каже тој самиот, но треба да истражат и надлежните институции.

Очигледно е дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е ист како Груевски, важни му се само парите и бизнис интересите - велат од СДСМ

23.09.2022 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега