СДСМ: Единствената цел на губитникот Мицкоски е да ја закочи државата
Губитникот Христијан Мицкоски е осамен и изолиран во сопствената хистерија, во сопствениот очај, со најава за некакви блокади на институциите покажува дека единствената битка што ја води е како да си ја сочува партиската фотелја, а не како да и помогне на државата, велат од СДМ.
Според владејачката партија, единствената цел на ВМРО-ДПМНЕ е да ја закочи државата, да го закочи напредокот, членството во ЕУ.
-Тоа се гледа на секој негов таканаречен протест, каде се појавуваат се помалку граѓани. Пред нив, Мицкоски го навреди целиот македонскиот народ е хистеричен. Но, граѓаните воопшто не се хистерични. Одамна го препознаа лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ и три пати по ред ги поразија поради антидржавно и антиевропско дејствување кое е на штета на државните и националните интереси. Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа