СДСМ: Целосно се оградуваме од објавата на Фејсбук страницата на локалната организација во Арачиново

„СДСМ целосно се оградува од објавата на Фејсбук страницата на локалната организација во Арачиново“. Ова е ставот на СДСМ, искажан во соопштение до медиумите откако претходно вечерва од СДСМ Арачиново напишаа фејсбук соопштение до јавноста, кандидатите коишто аплицирале за работа во АРМ да се јават кај претседателот на огранокот на партијата.
 
„Станува збор за злоупотребата на страницата спротивна со вредностите и политиките на СДСМ за што ќе следи целосно расчистување на случајот и одговорност.
Армијата е за професионалци и нема простор за ништо друго. Пријавувањето и селекциите за конкурсите за професионални војници се спроведуваат по највисоки стандарди од страна на надлежна институција која нема никаква врска со ниту една политичка партија. 
 
По спроведените реформи во изминатите години, токму од страна на СДСМ, одлика на Армијата е професионалност и стручност по највисоки стандарди, за што сите ние сме особено горди. Впрочем, затоа и Ковачки веќе не е дел од Армијата, дезертираше и одбра да му служи како чирак на шпицниот градоначалник Мицкоски“, се вели во соопштението на СДСМ испратено до медиумите.

 

27.09.2022 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега