СДСМ: Антикризните мерки вредни 760 милиони евра дадоа резултат

„Како одговор на последиците од светскта енергетска и економска криза, Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски креираа и реализираа два пакети мерки за помош вредни над 760 милиони евра. Само со последниот пакет мерки опфатени се околу 200.000 граѓани со ниски примања, кои четири месеци ќе добиваат финансиска помош за полесно надминување на последиците од кризата.Преку пакетите мерки им се помага и на останатите граѓани, како и на компаниите со цел да ја одржат стабилноста и да ги задржат вработените“, се вели во соопштението на СДСМ.

СДСМ порача дека мерките на Владата даваат резултат, им се помага на стотици илјади граѓани, се спасија илјадници работни места.

„Грижата за граѓаните и компаниите продолжува се до траење на кризата, за таа цел во Буџетот за 2023 обезбедени се дополнителни 250 милиони евра за нови мерки, а обезбедени се и средства за нов раст на минималната плата и пензиите.СДСМ останува на страната на граѓаните, грижата за сите продолжува“, порачаа од партијата.

24.11.2022 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега