Сања Лукаревска повторно именувана за директор на УЈП

 

По констатирањето на оставката на пратеничката Сања Лукаревска од страна на Собранието, вечерва Владата донесе одлука со која Лукаревска ја именуваше за директор на Управата за јавни приходи.

– Со одлука на Владата Фарук Омери денеска е разрешен од должноста в.д. директор на Управата за јавни приходи, а со друга одлука Сања Лукаревска е именувана за в.д. директор на Управа за јавни приходи, соопштија од прес-службата на Владата.

Освен ова одлука на денешната седница, на предлог на Комисија за именување, Владата донесе одлука Бајрам Реџепи да го избере за член на Одборот на директори на Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост.

Исто така Владата денеска му предложи на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој да ја именува Моника Јованова за претседател на Управниот одбор на Фондот. Меѓу другото владата денеска го именуваше Фатмир Арифи за в.д. директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега