Саниран поголем дефект на водоводна цевка ноќеска во Аеродром
Дефект на цевка ф 150, ниска зона на раскрсница на бул.Јане Сандански со ул.23 Октомври, бил отстранет синоќа од екипите на ЈП Водовод и канализација, кои работеле на негова санација во текот на ноќта од 22 часот до 5 часот, изутрина.
-И покрај тоа што за дефектот бевме информирани по 20 часот, нашите екипи веднаш излегоа на терен. Се работеше цела ноќ со цел да се избегне сообраќаен метеж и да не дојде до застој со водоснабдувањето, информираат од скопското Јавно претпријатие.
ЈП Водовод и канализација – Скопје, се посочува, продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во Град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа