Сали: Три модуларни клиники беа изградени на сомнителен начин, па го прекинавме проектот

Министерот за здравство Беким Сали вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека три модуларни клиники биле изградени на сомнителен начин.

Според него, затоа бил прекинат проектот.

„Три модуларни клиники градени во Бутел, Лисиче и Ѓорче Петров останаа во статус кво. Тие се изградени, но има забелешки во однос на анексот. Според процената на нашите експерти има дискутабилни прашања и не сме го продолжиле проектот. Ја разгледавме и видовме ситуацијата. Консултираме експерти за да го решиме овој проблем“, вели Сали.

02.02.2023 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа