Сајкоски: Владата и СДСМ немаат никаков план, а ВМРО-ДПМНЕ како народна партија има јасна визија

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“ рече дека со доаѓањето на функцијата генерален секретар на партијата идејата му е сите заеднички во ВМРО-ДПМНЕ да работат Македонија да биде подобро место за живеење. 

„ВМРО-ДПМНЕ има јасна стратегија и јасни ставови. Во иднина планираме да имаме отворен ден за да имаме средби со нашите членови. Со сите без разлика дали ажурирале членство или не. Планот е да почнеме со месните комитети и да стигнеме до Централнииот комитет. Ќе ги слушнеме нивните идеи и ќе ги вградиме во нашето делување. Со моето доаѓање на позицијата генерален секретар веќе зборував и со оние незадоволни, оние кои го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ бидејќи треба сите заеднички да работиме, тоа им го должиме на граѓаните. И мислам дека во следниот период и тие ќе се вклучат во делот каде можат. Сите кои се на позициии треба да вратат на членовите, симпатизерите, граѓаните и да работиме сите заедно. И ова се однесува за сите кои ја критикуваат партијата“, рече Сајкоски кој додаде дека претседателот Христијан Мицкоски има јасна поддршка од сите во партијата. 

Генералниот секретар се осврна на актуелните случувања во земјава, а поврзани со последиците од корона кризата.

„Има само многу задолжувања, а нема никакви капитални инвестиции. Владата нема никаков план ниту за економија, ниту за здравството, за ниту една област нема план и затоа стоиме толку лошо. Нема вакцини ниту за сезонски грип, имаме пензионери, хронично болни и не можат да добијат вакцина за грип. Опасноста е сезонскиот грип да се измеша со корона вирусот и може да настане голем проблем. Ова е проверена информација од медицинската фела“, рече Сајкоски.  

Сајкоски говореше и за ситуација со Бугарија која најавува блокада за македонскиот старт на преговори со ЕУ.

„Нас прво не убедуваа дека сме во ЕУ, сега гледаме каква е ситуацијата не сме биле во ЕУ. Владата влезе во целата оваа работа целосно неподготвена. Прво рекоа постигнат е договор со Бугарија, а потоа формираат Комисија која ќе дебатира за прашања од Договорот. Како тогаш е постигнат договор, а се дебатира за теми“, кажа Сајкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 23:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега