САД распоредија осум беспилотни летала во Грција

САД распоредија осум беспилотни летала MQ-9 Reaper во Грција, објави Пентагон. Беспилотните летала се распоредени во воздухопловната база Лариса, дознава „Anadolu Agency“.

Ова беше потврдено по извештаите објавени во грчките медиуми дека беспилотните летала и нивниот персонал за поддршка се стационирани во базата од 12 ноември.

Распоредувањето е направено како дел од договорот потпишан на 1 ноември меѓу Европската команда на САД (EUCOM) и грчката војска во согласност со Договорот за одбранбена соработка меѓу САД и Грција.

Грчката војска рече дека распоредувањето е дел од напорите за подобрување на соработката со сојузничките сили и „ќе придонесе за интероперабилноста и одвраќањето на НАТО“.

26.11.2022 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа