Руските монаси би можеле да бидат протерани од Света Гора

 

Руската православна црква стравува дека руските монаси може да бидат протерани од Света Гора, се вели во соопштението на Одделот за надворешни цркви на РПЦ.

Тоа може да се поврзе и со претстојната посета на Вселенскиот патријарх Вартоломеј на Света Гора, изјави секретарот за меѓуверски односи во Одделението за надворешни цркви на РПЦ, Димитриј Сафонов.

„ Посетата на патријархот Вартоломеј на Света Гора е планирана за крајот на мај, а можно е тоа да се совпадне со полициската акција што веќе ја спроведе грчката полиција против монасите од манастирот Есфиген кои не се согласуваат со политиката на Вартоломеј“ рече свештеникот на прес-конференција.

16.05.2022 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега