РКЕ: Од полноќ нови цени на горивата
И денеска РКЕ ќе заседава и ќе донесе нова одлука за цените на горивата. Новите цени на горивата ќе важат од вечерва од полноќ, а кои ќе бидат истите дополнително ќе информираме.
„Предусловите се исполнети и денеска ќе има нова одлука која ќе биде на сила од 00:01 часот 26.03.2022 година”, велат од РКЕ.
Инаку, моментално ова се актуелните цени на горивата:
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,00 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,00 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 84,00 ден/лит,
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 81,00 ден/лит.
25.03.2022 - 12:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа