Републиканците се оградија: Трамп е виновен за насилството во Капитол Хил

Лидерот на Републиканците во американскиот Претставнички дом Кевин Мекарти, на денешната расправа за импичмент на претседателот, оцени дека Доналд Трамп е одговорен за нападот врз Капитол, но и дека неговото отповикување би било грешка.

 

– Претседателот е одговорен за нападот на толпата врз Капитол. Тој напад беше недемократски, не-американски и криминален, рече Мекарти.

Сепак, тој вели дека неговото отповикување само ќе предизвика понатамошни поделби во САД и ги повика пратениците да се фокусираат на обединување на Американците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега