Реакција од ГШ: Армијата со сиот свој интегритет ќе се бори и избори да остане настрана од било какви влијанија на било кој политички субјект

 Армијата со сиот свој интегритет ќе се бори и избори да остане настрана од било какви влијанија на било кој политички субјект, а уште повеќе ќе се спротивстави на каков било обид од страна на нејзините припадници, почнувајќи од професионален војник вклучително до највисоките воени раководители во хиерархијата на Армијата.

Ова се наведува во реакцијата од Гебералштабот на Армијата во врска со повторно пројавените обиди за инволвирање на Армијата на Република Северна Македонија во актуелните политички случувања и кои, како што стои, очигледно влијаат на нарушување на макотрпно стекнатиот кредибилитет на Армијата не само кај граѓаните на Република Северна Македонија, туку и кај сојузниците од НАТО, Генералштабот на Армијата, категорично ги осудува сите вакви обиди.

– Согласно важечките законски и подзаконски акти, прописи и правила во Армијата, точно е регулирано кој и на каков начин ги искажува официјалните ставови на Генералштабот и Армијата и какви се регулативите при настапување и јавно изразување на ставови пред јавноста, кои регулативи сме должни да ги почитуваме, особено сега како полноправна членка на НАТО. Било кој личен настап од армиски припадник, кој не соодетствува со овие регулативи не претставува официјален став на Генералштабот и како таков може да биде само на штета на Армијата, стои во реакцијата од Генералштабот.

Во досегашниот период сите негативни поединечни обиди од страна на припадници на Армијата, кои преку јавни настапи имаат изразувано лични или политички ставови, се подвлекува во пишаната реакција од ГШ, секогаш биле препознаени од армиските припадници како непрофесионални и понижувачки за нивниот вложен труд во службата, кои, притоа го нарушуваат единството и кохезијата на односите во Армијата.

Генералштабот на Армијата на Република Македонија, како и секогаш досега, се наведува во реакцијата, успешно ќе се справи и со овие обиди за девалвирање на воената професија, со тоа што доследно ќе продолжи да ја извршува својата мисија и задачи и на најпрофесионален начин ќе ги спроведе тековните реформски процеси како што доликува на Армија на држава која е полноправна членка на НАТО, грижејќи се за зачувување на безбедноста на граѓаните, суверенитетот и државниот интегритет на нашата татковина. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега